28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВеро со своите потрошувачи обезбедиja 11.000 евра за СОС Детско село преку донаторската...

Веро со своите потрошувачи обезбедиja 11.000 евра за СОС Детско село преку донаторската акција „Заокружи сметка“

Поттикнувајќи го индивидуалното донаторство со личен пример, компанијата Веро ја предаде сумата од 675.098 денари (околу 11.000 евра) на СОС Детско село, обезбедени во рамки на донаторската акција „Заокружи сметка“. Како и претходните години, Веро и оваа година ја организираше оваа акција во сите свои маркети со цел да им пружи поддршка на децата без родителска грижа и да им обезбеди подобра иднина.

Донаторската акција „Заокружи сметка“ траеше од 1 декември 2022 година до 15 јануари 2023. Во овој период, сите потрошувачи во Веро маркетите при плаќањето на каса имаа можност да ја „заокружат сметката“ на некој повисок износ по личен избор. Со тоа, разликата од износот на пазарувањето и сумата на која одлучиле да ја заокружат сметката беше наменета за хуманитарна цел, односно за СОС Детско село. Исто како и во изминатите години, потрошувачите на Веро ги отворија срцата за децата без родителска грижа и во голем број се приклучија во акцијата, донирајќи средства за хуманата цел.

Донацијата за СОС Детско село ја предаде Милана Петковски, маркетинг-директор на Веро, која го истакна задоволството од успешно реализираната донаторска акција во која најголеми победници се децата без родителска грижа, но и целата општествена заедница.

– Нашата цел во кампањата „Заокружи сметка“ не е само да собереме средства што ќе ги донираме, туку и да влијаеме врз свеста на заедницата за големото значење на секоја индивидуална акција. Се водиме од мотото дека она што за некого е малку, за друг значи многу. Кога индивидуалните активности ќе се спојат во една заедничка рамка, прават значајни промени во општеството. Веро е докажан партнер на СОС Детско село и нашата соработка ќе продолжи и во иднина со цел на децата без родителска грижа да им овозможиме подобра иднина и многу насмевки на нивните лица – рече Петковски.

Претставниците на СОС Детско село истакнаа дека градењето вредносен систем на секоја личност е процес кој најлесно се учи преку позитивни примери кои се случуваат во најблиското опкружување.

– Веро е исклучително важна алка во овој процес бидејќи веќе две години по ред ги потсетува своите потрошувачи за важноста на споделувањето и добрувањето. Им се заблагодаруваме на сите вработени во Веро маркетите кои беа дел од оваа кампања и придонесоа повикот да се сподели до сите купувачи. Голема благодарност и до менаџментот на Веро маркетите кој секогаш е отворен за имплементација на иновативни кампањи за развој на филантропијата и поддршка на ранливите категории. Посебна благодарност до сите потрошувачи во Веро кои за време на новогодишниот период ја заокружија сметката и овозможија да се обезбедат финансиски средства за да може СОС Детско село да продолжи со мисијатаТопол дом и љубов за секое дете – рече Рахела Евтимова, експерт за развој на корпоративни партнерства во СОС Детско село

Како општествено одговорна компанија која се грижи за најранливите категории граѓани, Веро во текот на годината организира различни хуманитарни акции кои се наменети за децата згрижени во СОС Детско село. Покрај овие акции, Веро соработува и со компанијата „Пакомак“ која постави повратни вендинг апарати за рециклирање во повеќе Веро маркети, со што компанијата влијае врз свеста на граѓаните за здравата животна средина и придонесува за поголема грижа за околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП