17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТДва силни земјотреси ја погодија границата меѓу Турција и Сирија, луѓето во...

Два силни земјотреси ја погодија границата меѓу Турција и Сирија, луѓето во паника(ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од два километри го погоди денеска подрачјето долж границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот бил во областа Дефне во провинцијата Хатај околу 20:04 часот по локално време, а тимовите на АФП го почувствувале силно до 200 километри северно – во Антиохија и Адана, пренесува Хуриет дејли њуз.

Уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени, со епицентар во областа Самандаг во Хатај, Турција, ја потресе областа само неколку минути по земјотресот со јачина од 6,4 степени. Потресите се почувствувани и во Сирија, Египет, Либан, Ирак, Палестина и Јордан, пишува Daily Sabah.

Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД) издаде предупредување за цунами и ги советува луѓето да се држат подалеку од брегот и да одат на повисоките места доколку е можно.

Една од жителите во центарот на Антиохија изјавила дека била во шатор кога почнало тресењето.

„Мислев дека земјата ќе ми пукне под нозете“, рекла таа плачејќи додека го држела својот 7-годишен син во раце, пренесува Ал Џезира.

Турскиот медиум „23 ДЕРЕЦЕ“ на Твитер објави видео од паниката во моментот на земјотресот на аеродромот во Хатај.

Да потсетиме, во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја потресе истата област на 6 февруари загинаа 41.000 луѓе во Турција и околу 6.000 во Сирија, а повеќе од еден милион луѓе останаа без покрив над главата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП