25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПослабата побарувачка за компјутери ги намали приходите на „Lenovo“ за 24%

Послабата побарувачка за компјутери ги намали приходите на „Lenovo“ за 24%

Кинеската „Lenovo Group“ објави пад на приходите од 24 отсто за својот фискален трет квартал, втор по ред пад, бидејќи побарувачката за компјутери и паметни телефони ширум светот продолжува да се намалува.

Најголемиот светски производител на компјутери соопшти дека неговиот вкупен приход за периодот меѓу октомври и декември достигнал 15,3 милијарди долари, или 24% помалку од истиот квартал претходната година. Резултатите беа под просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Refinitiv“, кои очекуваа 16,39 милијарди долари.

Почетокот на пандемијата во 2020-та година даде голем поттик на продажбата на електроника на „Lenovo“ и на нејзините конкуренти ширум светот, бидејќи многу луѓе почнаа да работат од далечина и ги заменија или надградија своите уреди. Сепак, побарувачката почна да се намалува и приходите на „Lenovo“ почнаа да се намалуваат во периодот од јули до септември минатата година.

Намалена е и нето добивката за октомври-декември за 32% на 437 милиони долари. Акциите на „Lenovo“ паднаа за 2,86% во Хонг Конг во петокот.

Компанијата за истражување на пазарот „Gartner“ предвиде во јануари дека продажбата на компјутери и мобилни телефони најверојатно ќе се намали втора година по ред во 2023-та година.

Од друга страна, бизнисот со уреди на „Lenovo“ забележа пад на приходите од 34% за последниот квартал.

Конкурентите на компанијата, „Dell Technologies“ и „HP“, најавија дека ќе отпуштат вработени. „Dell“ ќе отпушти околу 6.650 работни места, или 5% од својата работна сила, додека „HP“ очекува да отпушти 6.000 луѓе до крајот на фискалната 2025-та година. Тоа е еднакво на 12% од нејзината глобална работна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП