5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Air France-KLM“ предвидува стабилни маржи по силните резервации во 2023-та

„Air France-KLM“ предвидува стабилни маржи по силните резервации во 2023-та

„Air France-KLM“ соопшти дека нејзините резервации за 2023-та година речиси ќе се вратат на нивоата пред пандемијата, прогнозирајќи повисоки маржи на среден рок бидејќи глобалната побарувачка за патувања се опоравува.

Групата го забележа својот најголем приход во четвртиот квартал досега од 7,1 милијарди евра, што е речиси 50% повеќе на годишно ниво.

„Иако 2022-ра започна доста тешко бидејќи сè уште имавме Ковид и започна војната во Украина… потоа имавме и тешкотии на аеродромите и инфлацијата, многу сум среќен што сега можеме да кажеме дека четвртиот квартал од 2022-ра година заврши подобро од 2019-та година“, изјави за медиумите главниот финансиски директор Стивен Заат.

Компанијата соопшти дека е на пат целосно да ја отплати француската државна помош до април 2023-та година, известувајќи за нето долг од 6,3 милијарди евра, што е намалување за 1,9 милијарди евра во однос на претходната година.

Сепак, Заат рече дека недостигот на персонал на аеродромот Шипхол во Амстердам можеби нема да се реши пред крајот на јуни. Поради предупредувањето, компанијата соопшти дека проблемите на Шипхол го чинеле холандскиот огранок на бизнисот „KLM“ дури 170 милиони евра во изгубени приходи во минатата година.

„Ситуацијата се „подобрува“, но „секако дека сè уште сме засегнати од фактот што има недостиг на работна сила насекаде, но и на аеродромот Шипхол, но гледаме дека активноста постепено закрепнува“, рече Заат.

Извршниот директор на „Air France-KLM“ Бен Смит, исто така, предупреди дека европските авиокомпании ќе мора да се борат директно со кинеските авиопревозници кои сè уште можат да летаат над рускиот воздушен простор.

„Помеѓу Париз и Сеул тоа може да значи плус 3 часа летање. Ако имате кинески превозник кој лета над Русија, тоа е неправедна предност пред нас“, рече Смит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП