29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche“ покажа автомобил без рачки на вратите и без фарови (ФОТО/ВИДЕО)

„Porsche“ покажа автомобил без рачки на вратите и без фарови (ФОТО/ВИДЕО)

Германската компанија „Porsche“ откри спортски автомобил создаден во соработка со францускиот бренд за улична облека „L’Art De L’Automobile“.

Спортскиот автомобил што го прикажуваат од германската компанија е всушност значително редизајниран „Porsche 968“. Автомобилот сега е родстер со оригинална каросерија и внатрешност.

„968 L’Art“ е заеднички проект на францускиот бренд „L’Art De L’Automobile“, а поконкретно на неговиот основач Артур Кар и „Porsche“. Чудното кај овој интересен проект е што наместо вообичаените рачки на вратите и фаровите, тука има други решенија.

Што се однесува до главните светла, нивната улога ја играат LED лентите на рабовите на браникот, а вратите однадвор се отвораат со далечински управувач од клучот. Задниот дел е дизајниран во стилот на класичен „Speedster“.

Интересна е и контролната табла. На неа има два прилагодени инструменти, од кои едниот е хронометар „TAG Hauer“. Седиштата се „Recaro“ со еко кожен тапацир, а аудио системот е прилагоден специјално за автомобилот и е бренд на „Bose“.

Роудстерот е создаден како експеримент за 30-годишнината од оригиналниот „968“ и постои во еден единствен примерок. Според Артур Кар, тој се обидел да ги спои световите на автомобилите и уличната облека. И дури го користи истиот концепт како и за уличната облека: ретро стил со допир на модерност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП