3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 13“ доаѓа во Европа по „солена“ цена?

„Xiaomi 13“ доаѓа во Европа по „солена“ цена?

Серијата телефони „Xiaomi 13“ беше претставена во Кина уште во декември минатата година, а на крајот на февруари ќе пристигне во Европа како дел од саемот „MWC“ во Барселона. Иако сите спецификации се веќе познати, сѐ уште се шпекулира за цената.

Според новите информации, објавени на Твитер од типстерот „Roland Quandt“, европските корисници ќе треба да издвојат дури 999 евра за новиот „Xiaomi 13“ во почетната верзија со 8GB RAM и 256GB внатрешна меморија. Истата верзија во Кина чини околу 588 евра, па разликата е повеќе од очигледна.

Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа значи дека првичната верзија на „Xiaomi 13“ му ја „скршила“ цената на главниот конкурент „Galaxy S23“, за што е потребно да се издвојат околу 950 евра. Телефонот на „Samsung“ сепак доаѓа со помалку внатрешна меморија во почетната верзија, што дефинитивно треба да се има на ум.

За потсетување, „Xiaomi 13“ има 6,36-инчен AMOLED екран од 120 Hz, подобрен систем на камера со телефото сензор и Snapdragon 8 Gen 2 SoC на Qualcomm. Додека верзијата со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија е достапна во Кина, таа ќе биде достапна само во варијанти од 8/256 GB во Европа.

Повеќе RAM меморија е резервирана за „13 Pro“, кој исто така се очекува да биде претставен на крајот на месецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП