2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМедведев: Москва му даде безбедносни гаранции на Бајден пред неговата посета

Медведев: Москва му даде безбедносни гаранции на Бајден пред неговата посета

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден добил безбедносни гаранции пред денешната ненајавена посета на Киев, но не прецизираше кој од руска страна ги дал тие гаранции.

За време на неговата посета на Киев, Бајден разговараше со неговиот украински колега Володимир Зеленски.

„Бајден, откако доби безбедносни гаранции, конечно пристигна во Киев. Тој вети многу оружје и вети верност на неонацистичкиот режим до гроб. Се разбира, имаше многу навестувања за победа од нивна страна, која наводно ќе дојде со новото оружје и храбри луѓе“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм.

Тој оцени дека западните земји „сосема верно“ го снабдуваат Киев со оружје и пари.

„Тие ги снабдуваат во огромни количини, му овозможуваат на воено-индустрискиот комплекс на земјите на НАТО да заработува пари и да краде оружје за да им го продаде на терористите ширум светот“, рече тој.

АП претходно објави, повикувајќи се на Белата куќа, дека Вашингтон бил во контакт со Москва непосредно пред посетата на Бајден на Украина, „со цел да се избегнат конфликтни ситуации“.

Захарова за посетата на Бајден: Знаеме како одат американските проекти

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше посетата на Бајден на Киев, велејќи дека не треба да се заборави „судбината на сите претходни американски проекти“.

„Гледајќи ги снимките на Бајден и неговиот штитеник Зеленски од Киев, не заборавајте за судбината на сите претходни американски проекти“, рече Захарова на Телеграм.

Како што јави ТАСС, во овој контекст, Захарова го спомена поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, укажувајќи дека тој „плаќа висока цена за да биде запаметен на Запад“.

„Судбината на Саакашвили, венецуелскиот опозиционер Хуан Гуаидо е она што ги чека сите оние кои ја продадоа својата душа на Американците – да бидат протерани од својот народ, никому да не му бидат потребни и да трошат предавнички пари заработени во Америка на американски адвокати. “, додаде Захарова.

Саакашвили е во затвор во Грузија од октомври 2021 година, бидејќи беше осуден за злоупотреба на службената положба додека беше на функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП