ТЕХНОЛОГИЈА

YouTube воведува филтрирање на коментарите

youy

Компанијата „Google“ на својот сервис „YouTube“ ќе воведе алгоритми со кои ќе одредуваат кои коментари ќе му се појавуваат на корисникот, но и како ќе бидат рангирани.

Како што пренесуваат медиумите со тоа тие имаат за цел да го подобрат квалитетот на прикажаните коментари и да ги отстранат непосакуваните и бескорисните.

Прикажувањето на коментарите ќе биде персонализирано, па секој посетител ќе ги види коментарите на своите пријатели и блиски луѓе. Коментарите ќе се сортираат и по преференциите и навиките на корисникот.

За тоа „YouTube“ ќе ги користи потребните податоци добиени од другите услуги на „Google“, како што е друштвената мрежа „Google Plus“ или „chat“.

Исто така, сопствениците на видео содржините ќе бидат во можност да им забранат на одредени корисниците да постауваат коментари, а нивните коментари ќе имат „тежина“ и ќе бидат подобро рангирани.

Коментарите исто така ќе може да се филтрираат според клучните зборови, па сопствениците на непосакуваните коментари ќе можат полесно да се елиминираат од приказот.