29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските цени на храната ќе продолжат да растат

Светските цени на храната ќе продолжат да растат

Цените на храната ќе продолжат да растат и не го достигнаа својот врв, иако инфлацијата го достигна, според водечките светски производители на храна. Додека трошоците за нив растат, клиентите се повеќе се свртуваат кон поевтини производи.

Најголемата групација за производство на храна на планетата, Нестле, смета дека цената на основните прехранбени производи годинава дополнително ќе се зголеми.

Швајцарската компанија лани ги покачи цените во просек за 8,2 отсто, но смета дека тоа не е доволно за да се балансира растот на трошоците, кој го загрози профитот.

„Сè уште сме во ситуација кога се обидуваме да ја поправиме нашата маржа и како и сите потрошувачи ширум светот, ние сме погодени од инфлацијата. Се обидуваме да ја поправиме штетата“, изјави за новинарите извршниот директор на Нестле, Марк Шнајдер. Зголемувањето на цените, објаснува тој, ќе биде таргетирано и спроведено само таму каде што е оправдано со инфлација на трошоците.

Шнајдер, сепак, одби да прецизира точно кои брендови на неговата компанија ќе поскапат. Нестле во своето портфолио има повеќе од две илјади брендови – храна за луѓе и животни, кафе, кондиторски производи и храна за бебиња.

Претходно, вакви предупредувања издаваа компании како „Унилевер“, „Кока-Кола“, „Хајнекен“, „Колгејт-Палмолив“ и „Проктер и Гембл“, врз основа на зголемените трошоци за енергија и работна сила.

„Веројатно го поминавме врвот на бранот на инфлација, но цените сè уште не го достигнаа врвот“, рече главниот финансиски директор на Унилевер, Грем Питкетли.

Цените на суровините, како што се житарките, енергијата и млечните производи, моментално стагнираат на високо ниво, додека трошоците за работна сила и логистика се зголемени. Сето ова заедно значи дека мали се шансите во наредниот период да се намалат цените на храната и другите производи во продавниците за потрошувачите.

Прехранбените компании мора да одржуваат деликатна рамнотежа. Зголемените трошоци вршат притисок врз профитните маржи, но ненадејните и агресивни зголемувања на цените ги одвраќаат клиентите.

Најголемиот француски синџир супермаркети „Карфур“ веќе преговара со добавувачите за да се ограничи зголемувањето на цените што е можно повеќе за да се заштити куповната моќ на потрошувачите.

Податоците покажуваат дека купувањето на пониско ниво, односно потрошувачите да се префрлат на поевтина верзија на истиот производ, е тренд кој веќе напредува во Америка и Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП