26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Hasbro“ претпазливо ја започнува годината

„Hasbro“ претпазливо ја започнува годината

Прогнозата на „Hasbro“ за 2023-та година може да изгледа како „дежа ву“, барем на почетокот.

Производителот на играчки денеска ги објави своите резултати за четвртиот квартал, давајќи конзервативна прогноза за годината, повторувајќи ги скромните очекувања што ги имаше на почетокот на 2022-ра година.

„Hasbro“, сепак, останува донекаде оптимист, посочувајќи на клучните добри вести поврзани со растечкиот оддел за игри „Wizard of the Coast“, кој го вклучува популарниот наслов „Dungeons & Dragons“, и промовирајќи го својот бизнис план за пресврт објавен во октомври.

Цената на акциите на компанијата се зголеми за 3%.

„Hasbro“ предвиде дека нејзиниот годишен приход ќе се намали во 2023-та година, но рече дека најголемиот дел од падот ќе се почувствува во првата половина од годината. Гигантот очекува неговите годишни приходи да забележат едноцифрен пад, пропуштајќи ја прогнозата на Волстрит. Аналитичарите анкетирани од „Refinitiv“ очекуваа раст на приходите од 2,2%.

Индустријата за играчки како целина се соочува со забавување. „Mattel“ беше пооптимист од „Hasbro“ во 2022-ра година, надевајќи се дека сезоната на празници на крајот на годината ќе ја зголеми намалената продажба. Но, и покрај таа доверба, компанијата имаше слаби резултати во продажбата на производи за широка потрошувачка во четвртиот квартал.

Главниот извршен директор Крис Кокс им рече на аналитичарите дека очекува забавувањето на побарувачката на потрошувачите што влијаеше на овогодинешната продажба да опстои во првите три квартали од 2023-та година, но тој се надева на подобри перформанси во последниот квартал.

Кокс, исто така, коментира дека „Hasbro“ ќе се подготви да лансира производна линија во опсег од 20 до 30 долари, опција со пониска цена за да допре до потрошувачи кои се свесни за инфлација.

„Во индустријата за играчки, „сè што е под 30 долари е особено добро. Сè што е над оваа сума работи исклучително лошо“, коментира извршниот директор на „UBS“, Арпине Кочарјан.

„Hasbro“ се надева дека новите изданија како што се проширувањата на играта „Dungeon & Dragons и Magic: The Gathering“ ќе се исплатат и ќе го надоместат забавувањето на продажбата на производите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП