19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСакате германски автомобили? Ќе бидат поскапи!

Сакате германски автомобили? Ќе бидат поскапи!

Љубителите на „Volkswagen“ ќе мора да плаќаат повеќе за одредени модели на возила почнувајќи од овој месец.

Се очекува од 23-ти февруари новите возила од споменатата марка да поскапат во просек за 4,4 отсто.

Најголемата европска автомобилска компанија го оправда овој потег во четвртокот со зголемување на трошоците, на пример во набавката на суровини и енергија: „И „Volkswagen“ не може да избегне висока инфлација“, се вели во соопштението.

„VW“ објасни дека се обидуваат да се спротивстават на зголемувањето на цените со долгорочни договори или зделки за да обезбедат стабилни цени на основните ресурси.

Сепак, овие трошоци не можат целосно да се надоместат. Се вели дека поскапувањето ќе важи за повеќето модели на дизел и бензин. Според информациите на германските медиуми, одредени модели на „Golf“ или „T-Roc“ ќе се наплаќаат повеќе од пет проценти поскапо.

Нарачките на многу производители на автомобили се полни, но недостигот на микрочипови и друга електроника често доведува до долго чекање.

„VW“ истакна: „Правиме се што можеме за да ги доставиме нарачаните возила до нашите клиенти што е можно поскоро“.

Германските медиуми јавуваат дека поради ограничената понуда поскапеле и половните возила.

Друг фактор кој би можел да ги зголеми цените на среден рок е планираното воведување на стандардот Еуро 7.

Претставниците на индустријата и германскиот министер за транспорт Фолкер Визинг (ФДП) ја предупредија Европската комисија на премногу тешки и брзи правила.

Неколку производители истакнаа дека воведувањето на потребната технологија за усогласување со построгите ограничувања за емисија на „NOx“ одзема многу време и веројатно ќе ги направи моделите поскапи.

Од друга страна, еколошките организации бараат што поскоро да се повлечат сите класични дизел и бензински мотори.

„Овој предлог не може да се имплементира навреме. Без разлика на заштитата на климата, треба да се запраша и зошто сѐ уште треба да се инвестираат големи суми пари во мотори со внатрешно согорување, кога тие се технологија што се гаси“, смета извршниот директор на Групацијата Оливер Блум.

Минатата година „Mercedes-Benz“ се фокусираше на луксузни модели, нудејќи ги по повисоки цени. Резултатот е значително поголем профит.

Производителот на автомобили „Mercedes-Benz“ заработи значително повеќе во 2022-ра година нудејќи скапи модели. Продажбата се зголеми за дванаесет проценти на 150 милијарди евра поради големата побарувачка и континуираниот недостиг на понуда.

Оперативниот профит порасна за 28 отсто на 20,5 милијарди евра, повеќе од очекувањата на аналитичарите, јавуваат германските медиуми.

„„Mercedes-Benz“ го направивме попрофитабилна компанија“, изјави извршниот директор Ола Калениус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП