21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСкок на добивката на Мерцедес во 2022 година

Скок на добивката на Мерцедес во 2022 година

Германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz минатата година оствари нето добивка од 14,8 милијарди евра, што е за 34 отсто повеќе од претходната година.

Како што јави француската новинска агенција АФП, компанијата денеска објави дека поттикнувањето на продажбата на поскапи автомобили и комбиња и интензивното намалување на трошоците се исплателе.

Приходите се зголемени за 12 отсто на 150 милијарди евра. Како што објаснуваат од компанијата, минатата година тие уште повеќе се фокусирале на поттикнување на продажбата на поскапи модели на автомобили и продажба на комбиња, каде што остваруваат повисоки маржи. Тие исто така можеа дополнително да ги намалат трошоците.

Продажбата се зголеми за пет проценти на нешто повеќе од два милиони возила, главно благодарение на големата побарувачка за водечките седани од класата S на Mercedes и електричниот модел EQS.

Како што предупреди компанијата, изгледите за нарачки се полоши, особено во Европа. За годинава, значи, очекуваат приближно исти приходи како лани, но според нивните проценки, добивката пред оданочување ќе биде нешто помала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП