6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈА„Вака веќе не може” , новинарите им возвратија на политичарите

„Вака веќе не може” , новинарите им возвратија на политичарите

ЗНМ и ССНМ денеска излегоа на протестен марш преку кој го изразија нивното незадоволство од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, снимателите и медиумските работници, лошата социо-економска состојба.

Пред да започне маршот пред присутните се обрати Претдседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. Тој во името на новинарите упати порака до политичаите дека „Вака веќе не може”.

„Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Државниот Пијар ја зема работата на новинарите, снимателите, фоторепортерите, Владата создаде најголема редакција. Државните институции и нивите директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате пр памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување. Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде”, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

Новинарската професија повеќе никој не ја почитува, не потценуваат и навредуваат, но ние нема повеќе да молчиме, рече Претседателот на ССНМ, Павле Беловски.

„Не молчевме и кога проникнуваше новинарството, ни кога не тепаа, затвараа, кога ги губевме работните места. Создадовме џин кој нема да молчи и нема да ја крие вистината”.

Тој додаде дека условите во кои работат новинарите мора да се подобрат, бидејќи има се помалку кадар. Поради ниските плати и лошите услови, новинарите се повеќе го напуштаат новинарството.

Протестниот марш започна во 10.30 часот. Новинарите ќе се движат од Владата на РСМ, до Собранието на РСМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП