2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТвитер дозволува реклами за канабис

Твитер дозволува реклами за канабис

Твитер стана првата социјална мрежа која им дозволува на бизнисите со канабис да ги рекламираат своите брендови и стоки во САД.

Твитер го ограничи рекламирањето на производи направени од коноп, додека Фејсбук, Инстаграм и ТикТок имаат „политика за рекламирање без канабис“.

Вкупно, 21 држава во САД досега одобриле продажба на „рекреативен“ канабис, а се чини дека и останатите ќе го сторат тоа. Во тој случај забраната за рекламирање на ваков производ е неоснована. Во согласност со тоа, Твитер донесе одлука дека ваквите реклами се дозволени.

За да можат да рекламираат канабис, компаниите треба да имаат соодветни лиценци и да ги таргетираат регионите каде што им е дозволено да работат. Условот што го постави Твитер е таквите реклами да не можат да стигнат до лица помлади од 21 година.

Повеќето компании за канабис и производи од канабис ја поздравија одлуката на Твитер. А многумина веќе влегоа во процедурата за одобрување на профилот и огласот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП