Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги повика сите медиумски професионалци на протестен марш в петок (17 февруари), кој ќе почне од Владата на РСМ до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе се изрази незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.
На маршот, како што информираа од новинарските здруженија, ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и Собранието.

