25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск откри кога планира да си оди

Илон Маск откри кога планира да си оди

Илон Маск, во интервју на Светскиот владин самит во Дубаи, рече дека крајот на 2023 година ќе биде добро време да се повлече од првата позиција на Твитер. Тогаш, како што вели, компанијата треба да биде во стабилна позиција.

Уште во декември, Маск ги праша своите следбеници дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на Твитер, тврдејќи дека ќе го слуша гласот на јавноста.

Да потсетиме дека во истражувањето учествувале 17,5 милиони луѓе, од кои 57,5 ​​отсто гласале Маск да ја напушти челната позиција на компанијата.

Маск ги прифатил резултатите од истражувањето позитивно, па набрзо најавил дека ќе се повлече од функцијата извршен директор штом најде некој „доволно луд“ да ја преземе работата.

Помина извесно време од тогаш, а шефот на Твитер дури сега откри на Светскиот Самит на владите во Дубаи кога тоа би можело да се случи.

„Мислам дека треба да ја стабилизирам компанијата и да се уверам дека е во финансиски добра позиција и планот за производи е на место. Претпоставувам дека крајот на годината би бил добро време да најдам некој друг да ја води компанијата бидејќи мислам до крајот на годината треба да бидеме во стабилна позиција“, рече Маск во онлајн интервју.

За да се доведе Твитер во стабилна состојба, потребна е многу работа, бидејќи, како што вели Маск, станува збор за „обратен стартап“. Но, се чини дека на Маск работата не му недостига, бидејќи истакна дека работата го окупира од моментот кога ќе се разбуди до заспивањето. Тој наведува дека работи седум дена во неделата, а спие шест часа навечер.

„Не ми е намерата да работам како луд, би било добро 80-часовна работна недела. За тоа би се стремел“, заклучил Маск во разговорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП