4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМакета поскапа од вистинското Ламбурџини

Макета поскапа од вистинското Ламбурџини

maketa

Што да им се понуди на богатите, страсни љубители на автомобили кои во својата гаража веќе ги имаат најскапите модели? Германската компанија „Robert Gülpen Engineering“ има во план да ја направи најскапата макета на еден автомобил која ќе ја понудат на аукција со почетна цена од 5.5 милиони евра. Се очекува крајната цена да достигне и до 11 милиони евра.

Инаку станува збор за позлатена макета на Ламбурџини Авентадор LP 700-4 која ќе биде направена во размер 1:8. Моделот ќе биде прекриен со слоеви излиени од злато со тежина од 500g, додека на фаровите и тркалата ќе се наоѓаат дијаманти. Стоп светлата ќе бидат направени од благородни камења.

Како и кај вистинскиот Авентадор, деловите од каросеријата ќе бидат направени од јаглеродни влакна, а внатрешноста ќе биде побогата со уште 700 камења кои ќе бидат вградени во седиштата, како симбол на моќта на моторот на оргиналниот автомобил.

maketa1

Компанијата „Gülpen“ се занимава со изработка на скапоцени макети на автомобили веќе 12 години. Нејзиниот сопственик „Robert Wilhelm Gülpen“ вели дека овие модели станале популарни кај богатите љубители на автомобили кои имаат префинет вкус за луксуз.

„Нашиот заштитен знак се квалитетот и прецизноста на изработката, како и тоа што на купувачите им нудиме само уникатни модели“, објаснува тој.

„Gülpen“ очекува со новата златна макета на Ламбурџини да постави дури три гинисови светски рекорди – за најскапиот намален модел, за најдобро заштитена макета ( автомобилот ќе биде сместен во куќиште од непробојно стакло) и за најскап амблем на Ламбурџини.

maketa2

Прототипот на макетата е изложен во продажниот салон на Ламбурџини во Дубаи, а во германската компанија велат дека вистинскиот позлатен модел би можел да биде продаден и пред аукцијата, нормално доколку се појави купувач кој е подготвен за него да плати 5.8 милиони евра. Во тој случај, купувачот ќе може да влијае на деталите на завршната обработка, а ќе му биде понудено за цена од 6.37 милиони евра во пакет со макетата да го купи и вистинскиот Авентадор офарбан во ексклузивна „Emirates Gold“ златна боја.

Само за споредба, почетната цена на оргиналниот Ламбурџини Авентадор LP 700-4 во Европа изнесува околу 300.000 евра.

Инаку „Gülpen“ во автомобилската јавност од претходно е познат по минијатурните златни модели на Бугати Вејрон кои во 2010-та година чинеа околу три милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП