28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„HONOR Magic5 Lite“ наскоро доаѓа во Европа

„HONOR Magic5 Lite“ наскоро доаѓа во Европа

Пред саемот „MWC“ во Барселона, „HONOR“ го претстави телефонот „Magic5 Lite“, кој наскоро ќе излезе на европските пазари.

Станува збор за телефонот „HONOR X9a“, кој претходно беше пуштен на кинескиот пазар, а во Европа пристигнува како „HONOR Magic5 Lite“.

„HONOR Magic5 Lite“ има 6,67-инчен OLED дисплеј со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz. Сензорот за отпечатоци се наоѓа под панелот, а на врвот има мал отвор за селфи камерата од 16 MP.

Препознатливиот кружен систем на камера се наоѓа на задната страна, каде што има главен сензор од 64 MP, ултра широк сензор од 5 MP и макро камера од 2 MP.

„Magic5 Lite“ се напојува со чипсет Snapdragon 695, заедно со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Оперативниот систем е Android 12, со интерфејс Magic UI 6.1. Сè се напојува со батерија од 5.100 mAh, со поддршка за брзо полнење од 40 W.

„HONOR Magic5 Lite“ ќе биде достапен во боите „Midnight Black“, „Emerald Green“ и „Titanium Silver“, а повеќе детали за цената и достапноста ќе знаеме за неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП