1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАZTE подготвува уште еден Firefox смартфон

ZTE подготвува уште еден Firefox смартфон

zte fire

Кинеската компанија „ZTE“ е подготвена за лансирање на нов уред кој ќе работи на оперативниот систем „Firefox OS“ на компанијата „Mozilla“. Тие и официјално ги потврдија овие информации.

Хи Шијоу, извршниот потпретседател на компанијата ја потврди продажбата од 100.000 единици од „ZTE Open“, првиот „Firefox OS“ паметен телефон на оваа компанија. Овој модел првенствено беше изработен за пазарите во развој, а иако продажбата е премногу мала во однос на уредите кои користат „Android“, од „ZTE“ се задоволни од побарувачката и се оптимисти во врска со иднината.

Па поради тоа компанијата веќе следната година има во план да лансира наследник на смартфонот „ZTE Open“, но засега не објавија конкретни детали во врска со него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП