28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапознајте се одблиску со новиот „Subaru Crossstreck“ (ФОТО/ВИДЕО)

Запознајте се одблиску со новиот „Subaru Crossstreck“ (ФОТО/ВИДЕО)

Како дел од автосаемот во Чикаго во 2023-та година, беше претставена ажурирана верзија на моделот Subaru „Crosstrek“ за американскиот пазар. И ако информациите за изгледот беа познати порано, сега за прв пат беа откриени техничките карактеристики на новиот производ.

Автомобилот од моделската 2024-та година го задржува препознатливиот стил на брендот, но добива помали фарови и поширок преден дел. Во однос на целокупните димензии, импресивна е должината, која веќе е 4.480 mm, што е за 15-ина повеќе од стариот „Crosstrek“.

Под хаубата на „Subaru Crosstrek“ за 2024-та година се наоѓа познатиот 2,0-литарски четирицилидарски мотор со 152 ks, како и 2,5-литарски боксер мотор со 182 ks. Во срцето на сите модели е погонот на сите тркала и роботскиот менувач Lineatronic „CVT“.

Исто така, стандардната опрема сега го вклучува пакетот за помош на возачот „Subaru EyeSight“, кој претходно не беше достапен на некои верзии. Внатре во основниот „Crosstrek“, возачите ќе најдат мултимедијален систем со екран на допир од седум инчи кој има подобрени функции.

Достапен е и опционален инфозабавен систем со екран на допир од 11,6 инчи, а интересното кај него е што има т.н. ориентација на портрет. Се очекува „Subaru“ да понуди многу додатоци за „Crosstrek“, кои првенствено ќе бидат насочени кон теренските способности на автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП