26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на „Heineken“ ги надмина очекувањата по закрепнувањето во Азија

Профитот на „Heineken“ ги надмина очекувањата по закрепнувањето во Азија

„Heineken“, вториот по големина производител на пиво во светот, забележа поголем профит од очекуваниот во 2022-ра година благодарение на растот на сите пазари и силното закрепнување во Азија, и ја потврди својата прогноза за зголемување на профитот во оваа година.

Производителот на најпродаваното европско пиво, „Heineken“, рече дека неговиот оперативен профит пред еднократните наплати се зголемил за 24 отсто на 4,50 милијарди евра, во споредба со просечните прогнози на аналитичарите од 4,43 милијарди евра.

Холандскиот производител на пиво, исто така, ја задржа својата прогноза дека оперативниот профит ќе порасне со среден до висок едноцифрен процент во 2023-та година.

„Heineken“ очекува да ја надмине целта за намалување на трошоците за 2 милијарди евра преку стратешкото преструктуирање на „EverGreen“ во оваа година. Компанијата најави дека потоа ќе постигне подобрување на продуктивноста од 400 милиони евра годишно, што е еднакво на околу 2% од годишните трошоци.

„Heineken“ продаде 6,9% повеќе пиво на глобално ниво отколку во 2021-ва година, при што продажбата на неговите поскапи премиум пива расте со побрзо темпо.

Продажбата во Азија се зголеми за речиси една третина, а закрепнувањето дојде една година по воведувањето на ограничувањата за Ковид-19 во Камбоџа, Индонезија, Малезија и најголемиот азиски пазар на компанијата, Виетнам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП