Голем број летови на Луфтханза беа откажани поради пад на системот, што доведе до целосен хаос на аеродромите во Германија, јавуваат локалните медиуми.
Според информациите на RTL, големи делови од ИТ системот откажале, што довело до далекусежни последици за патниците и вработените. Портпаролот на авиокомпанијата ги потврди проблемите и истакна дека моментално е во процес на откривање на точниот обем на хаосот.

