5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткриено е колку чини производството на iPhone 14 Pro Max

Откриено е колку чини производството на iPhone 14 Pro Max

Последниот извештај на аналитичката компанија Counterpoint Research ни дава информации за цената на компонентите за производството на моделот iPhone 14 Pro Max.

Apple ја претстави серијата iPhone 14 минатата есен, а iPhone 14 Pro Max е еден од членовите на оваа серија.

Counterpoint Research открива дека просечната цена на материјалите за производство на основниот iPhone 14 Pro Max со 128 GB е 464 долари.

Ова претставува зголемување од 3,7% во однос на iPhone 13 Pro Max. Зголемувањето на цената главно се должи на зголемувањето на цената на новиот чипсет на Apple, екранот AOD и главната камера од 48 MP.

За американскиот пазар, моделот mmWave има производна цена од 474 долари, додека верзијата под 6 Ghz што се продава на други пазари се проценува на 454 долари.

За споредба, iPhone 14 Pro Max со 128 GB се продава за 1.099 долари во САД.

Apple троши 11 долари повеќе на чипсетот A16 Bionic во споредба со претходниот модел. Новиот дисплеј со AOD можности придонесува за зголемување од 1%, додека камерата од 48MP ја зголемува цената на телефонот за 6,30 долари.

Од друга страна, некои компоненти се поевтини во споредба со iPhone 13 Pro Max, така што цените на компонентите за мобилно поврзување се околу 13 проценти поевтини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП