26 април, 2024
ПочетнаСВЕТАмериканците ја предупредија Украина: Не можеме вечно да ве поддржуваме

Американците ја предупредија Украина: Не можеме вечно да ве поддржуваме

САД не можат да прават „сè и сешто засекогаш“ и ја предупредиле Украина дека сега се соочува со клучен момент да го промени текот на војната, се вели во извештајот на Вашингтон пост.

Како што се наближува првата годишнина од конфликтот, САД, наводно, им кажале на лидерите во Киев дека нивните војници мора да ја искористат континуираната поддршка во вооружувањето на западните земји и да постигнат успех на бојното поле.

Претседателот Бајден неодамна вети дека ќе застане на страната на Украина „колку што е потребно“, но според официјални лица кои анонимно зборуваа за „Пост“, републиканците во Претставничкиот дом инсистираат на намалување на помошта за Украина.

„Ќе продолжиме да се обидуваме да ги убедиме дека не можеме да правиме се и сешто засекогаш“, изјави висок функционер за весникот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика да се испрати повеќе муниција и оружје во Украина, бидејќи Русија го зголемува притисокот непосредно пред првата годишнина од нејзината целосна инвазија. „Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир“, рече Столтенберг, говорејќи во Брисел во седиштето на НАТО.

„Она што го гледаме е спротивното. Тој се подготвува за нова војна, за нови офанзиви и нови напади“, додаде тој, пристигнувајќи на состанокот предводен од САД за координирање на испораката на оружје за Украина.

Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи ги отфрли тврдењата на претседателот на Молдавија во понеделникот дека Москва планира да ја дестабилизира ситуацијата во поранешната советска република.

„Таквите тврдења се целосно неосновани и непоткрепени“, Ројтерс го цитираше руското Министерство за надворешни работи во соопштението објавено во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП