27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„L'Oreal“ ја зголеми продажбата и покрај проблемите во Кина

„L’Oreal“ ја зголеми продажбата и покрај проблемите во Кина

Продажбата на козметичкиот гигант „L’Oreal“ се зголеми во четвртиот квартал, бидејќи побарувачката за производи за убавина во Америка ја компензира слабоста во Кина.

Продажбата се зголеми за 8,1 отсто на споредлива основа во последните три месеци од 2022-ра година, соопшти француската компанија. Аналитичарите очекуваа раст од 6,8%.

Одделот за бела козметика на „L’Oreal“ објави најбрза стапка на раст со стабилна побарувачка за производите на брендовите како „Cerave“ и „La Roche-Posay“. Одлуката на Кина да ги укине ограничувањата за коронавирусот може да биде добра за продажбата во следната година, предвидуваат аналитичарите.

Луксузниот сегмент може да забележи брзо закрепнување, поттикнато од патувањата и отворањето на Кина, рече аналитичарката на „Bloomberg Intelligence“, Дебора Ајткен. Во исто време, податоците за Северна Америка не покажуваат знаци на забавување на потрошувачката, додаде таа.

Годишниот оперативен профит на „L’Oreal“ достигна 7,46 милијарди евра, надминувајќи ја просечната проценка на аналитичарите од 7,42 милијарди евра.

Што се однесува до Кина, од „L’Oreal“ велат дека пазарот на производи за убавина бил „јасно погоден од ограничувањата на јавното здравје“ во земјата во минатиот квартал, опишувајќи ги условите како „предизвикувачки“ за стоките за широка потрошувачка. Компанијата исто така забележува дека има и „значително забавување“ на луксузната единица во земјата.

Строгите мерки против коронавирусот во Кина беа проследени со нивно ненадејно укинување. Ова за возврат предизвика нов скок на инфекции, задржувајќи ги потрошувачите дома во декември. Споредливиот раст на продажбата од 4,9% во Северна Азија беше најслаб меѓу регионите што ги следи „L’Oreal“. Сепак, тоа е над очекувањата на пазарот.

Податоците на компанијата доаѓаат по песимистичката прогноза на конкурентот „Estée Lauder“ во минатата недела. Американската компанија објави повисоки нивоа на залихи во продавниците во Кина и прогнозираше поголем пад на годишниот профит поради бавното закрепнување на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП