8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ ќе ја претстави серијата „Xiaomi 13“ во Барселона (ВИДЕО)

„Xiaomi“ ќе ја претстави серијата „Xiaomi 13“ во Барселона (ВИДЕО)

На 27-ми февруари 2023-та година, „Xiaomi“ ќе ја претстави серијата „Xiaomi 13“ на „MWC 2023“ во Барселона.

Треба да бидат претставени три модели – „Xiaomi 13“, „Xiaomi 13 Pro“ и „Xiaomi 13 Lite“.

Додека „Xiaomi 13“ и „13 Pro“ ќе бидат истите уреди што беа претставени во Кина на крајот на минатата година, „Xiaomi 13 Lite“ ќе биде ребрендиран во „Xiaomi Civi 2“.

Сега е објавено кратко видео за отпакување на телефонот „Xiaomi 13 Lite“.

Најновото видео го потврдува она што досега се шпекулираше за дизајнот на телефонот „Xiaomi 13 Lite“. Тоа ќе биде ребрендираниот „Xiaomi Civi 2“, кој всушност наликува на дизајнот на предниот дел на „iPhone 14 Pro“.

Телефонот има пилула на горниот дел од екранот во која се сместени две предни камери. Двете камери имаат сензори од 32 MP.

Дополнително, откриено е дека „Xiaomi 13 Lite“ ќе пристигне во кутијата со брз полнач од 67 W и USB-Type C приклучок за синхронизација и полнење.

Минатата недела беше откриено дека цената на телефонот наводно ќе биде 549 евра за верзијата со 256 GB простор за складирање податоци. Тоа е најмоќната верзија на телефонот. Се очекува да пристигне во верзија со 128 GB внатрешна меморија.

За потсетување, почетната цена на телефонот „Xiaomi 12 Lite“ за верзијата со 8/256 GB беше 500 долари, што е околу 465 евра. Потребно е да се земе предвид и курсот на доларот во тоа време, кој беше понизок, што значи уште поголем пораст на цената на телефонот „13 Lite“. Сепак, информациите сѐ уште се неофицијални.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП