19 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАChatGPT од март доаѓа во Microsoft Word, Excel, PowerPoint…?

ChatGPT од март доаѓа во Microsoft Word, Excel, PowerPoint…?

Мајкрософт наводно планира да воведе апликации зајакнати со вештачка интелигенција од софтверскиот пакет Office во наредните недели.

Како што пишува Verge, за тоа време можеби ќе добиеме шанса да видиме што може да понуди технологијата Prometheus на OpenAI за Word, PowerPoint, Outlook и други апликации. Можно е тоа да се случи веќе во март годинава, пренесува Тпортал.

Мајкрософт неодамна претстави издание на интернет пребарувачот Bing со функции за вештачка интелигенција што може да даде одговори на прашања во форма на разговор.

Тие, исто така, претставија нова верзија на веб-прелистувачот Edge со вградена вештачка интелигенција, која исто така е напојувана од Prometheus. Копче во горниот десен агол на Edge нуди пристап до нова функција за разговор, што е како услугата ChatGPT да е вградена во вашиот прелистувач, пишува Engadget.

Мајкрософт има намера да користи вештачка интелигенција за креирање графикони и графики што може да се користат во PowerPoint или Excel, како и да генерира текст врз основа на едноставни прашања во Office.

Мајкрософт, се чини, сака што поскоро да ги понуди овие производи на пазарот за да ја надмине конкуренцијата, пред се Гугл и неговиот сервис Бард.

Исто така, ќе продолжи да инвестира во OpenAI. Во текот на јануари беше договорена инвестициска рунда вредна неколку милијарди американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП