ТЕХНОЛОГИЈА

Астероид влезе во земјината атмосфера, огнена топка блесна над Париз(ВИДЕО)

Меѓународната метеоролошка организација го потврди влегувањето на астероидот во Земјината атмосфера вечерва во 2 часот 59 минути и 21 секунда.

Малиот астероид 2023 CX1 навлезе во атмосферата на Земјата, создавајќи многу светла огнена топка пријавена од десетици сведоци.

Повеќето снимки доаѓаат од северна Франција и јужна Англија, а минувањето на огнената топка е снимено и на ноќното небо над Париз.

Овој седми влез на астероид, а со оглед на неговата географска положба и поволното време, би можел да биде најпокриен од сите, пренесува N1 Загреб.