28 април, 2024
ПочетнаСВЕТАмериканската амбасада во Москва ги повика американците веднаш да ја напуштат Русија

Американската амбасада во Москва ги повика американците веднаш да ја напуштат Русија

САД им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина.

Како што наведоа, предупредувањето дошло поради ризикот да станат жртви на произволно апсење или малтретирање од страна на руските агенции.

Во соопштението на американската амбасада во Москва се вели:

„Американските граѓани кои живеат или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат земјата. Бидете особено внимателни поради ризикот од притвор. Не патувајте во Русија“.

САД постојано ги предупредуваа своите граѓани да ја напуштат Русија.

Последното вакво јавно предупредување беше во септември, откако претседателот Владимир Путин нареди делумна мобилизација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП