25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализа: Која од трите најголеми банки во Македонија оствари највисоки приходи од...

Анализа: Која од трите најголеми банки во Македонија оствари највисоки приходи од камати во 2022 година

Неодамна, на сајтот на македонската берза банките ги објавија билансите од своето работење за изминатата 2022 година.

Денар направи анализа на работењето на трите најголеми банки во Македонија, Комерцијална банка, НЛБ Банка и Стопанска банка АД Скопје.

Стопанска банка оствари бруто добивка на износ од 2.617.019 илјади денари, Комерцијална банка 2.338.572 илјади денари и НЛБ банка со бруто добивка од 2.680.320 илјади денари.

Комерцијална банка е најголема банка по билансна сума во Македонија со 151.049.748 илади денари, втора е Стопанска банка АД Скопје со 122.848.627 илјади денари и трета е НЛБ Банка со 112.698.023 илјади денари.

Високата добивка на Стопанска банка произлегува од остварените високи приходи од камата во бруто износ од 4.423.048 илјади денари или нето каматни приходи од 4.204.272 илјади денари во 2022 година. Нето приходите од камати на НЛБ Банка изнесуваат 3.216.978 илјади денари, а на Комерцијална банка 3.097.225 илјади денари.

Зошто приходите на Стопанска банка се поголеми во однос на двете останати банки?

Кога се анализира билансот на состојба на Стопанска банка, се доаѓа до заклучок дека Стопанска банка е банка која најмногу кредитира во нашата земја.

Износот кој Стопанска банка го побарува од кредитокорисниците(физички и правни лица) на 31.12.2022 изнесува 85.894.084 илјади денари или кредитите учествуваат со 69,91 отсто во структурата на активата на Стопанска банка. Во НЛБ банка кредитите во активата учествуваат со процент од 63,42 отсто, а во Комерцијална банка со 39,62 отсто.

Депозитите од комитентите се најголем извор на средства во трите банки и во пасивата на банките учествуваат со најголем процент.

Депозитите во Комерцијална банка учествуваат со 88,16 проценти во пасивата на банката, во НЛБ банка со 80 отсто, и во Стопанска со 76,83 отсто.

Стопанска банка од депозитите, околу 91 отсто пласира во кредити, НЛБ банка 78,80 отсто и Комерцијална банка 45 отсто.

Бидејки каматните стапки на кредитите се сеуште повисоки од каматните стапки на останатите пласмани на банките, каматните приходи на Стопанска банка се повисоки од каматните приходи на НЛБ Банка и Комерцијална банка.

Секако и ризиците од пласирање во кредити се поголеми, но банките вршат проценка и обезбедување на ризикот, а показател за тоа е сеуште ниското ниво на нефункционални кредити во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП