5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТ„Отиде кај баба ѝ и умре под урнатините“ - болни зборови на...

„Отиде кај баба ѝ и умре под урнатините“ – болни зборови на таткото кој ја држeше за рака својата почината ќерка

Таткото кој по страотниот земјотрес ја држеше за рака својата ќерка, која загина под урнатините во Кахраманмарас, го трогна целото општество, пренесуваат медиумите во светот, а таа фотографија стана култен симбол на земјотресот.

Болниот Месут Ханчер рекол дека неговата ќерка останала во куќата на баба ѝ, која таа ноќ била уништена од земјотресот.

Очајниот татко кој ја погреба Ирмак Лејла раскажува за турски „Си-Ен-Ен“ и „Канал Д“ што се случило тој ден.

„Се чувствував многу лошо тој ден. Заминав штом слушнав. Се обидов да ја извлечам ќерка ми со свои средства, но за жал не успеав. Болката за детето беше многу силна. Мојата ќерка имаше 15 години. Отишла да ја посети баба и“, ја започнал приказната таткото.

Тој објаснува дека по 3 дена пребарување наишол на безживотното тело на својата ќерка.

„Мајка ми, моите двајца браќа и 7 лица останаа под урнатините. Немав надеж. Таа загина при првиот земјотрес и немаше шанси да се спаси. Не можам никому ништо да кажам. Успеавме да стигнеме по 3 дена бидејќи имаше многу отпад“, додава тој.

Месут наведува дека се обидел да комуницира со институциите за управување со катастрофи и вонредни состојби, тие му понудиле да му помогнат колку што можат, го подигнале отпадот и го извлекле неговото дете од урнатините.

„Мојот дом е оштетен. Не можеме да влеземе во нашата куќа бидејќи немаме средства. Живееме во туѓа куќа. Немам каде да останам“, заклучил тажниот човек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП