28 април, 2024
ПочетнаСВЕТДиректна закана, Америка во опасност

Директна закана, Америка во опасност

Развојот на руската и кинеската инфраструктура на Арктикот ја зголемува опасноста за Северна Америка, изјави во четвртокот шефот на командата на американската морнарица, адмирал Дерил Кодл.

Според него, во изминатите 10 години, Руската Федерација значително ги зајакнала своите воени капацитети на Арктикот, а Кина покажува се повеќе намери да го зголеми своето влијание во овој регион, меѓу другото, преку иницијативата на Пекинг за создавање „ Поларен пат на свилата“ кој ќе ги поврзува Кина и Европа преку Арктикот.

„Тие ја прошируваат и развиваат инфраструктурата во регионот, што ја зголемува веројатноста дека Северна Америка ќе биде загрозена“, рече адмиралот.

Кодл, исто така, рече дека Русија и Кина наводно „се обидуваат да го милитаризираат Арктикот“ и „имаат намера да ја нарушат слободата на пловидба на Северниот морски пат“.

Во оваа насока, адмиралот истакна дека во последните години САД и нивните сојузници го зголемиле бројот на воени вежби во Северен Атлантик, како и дека работат на заштита на Северна Америка.

Претходно, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов изјави дека САД, заедно со своите сојузници, имаат намера да ја интензивираат геополитичката конфронтација со Русија на Арктикот, вклучително и оспорување на правото на Руската Федерација „да го користи Северно морски пат“.

Началникот на рускиот Генералштаб, исто така, потсети дека во Поморската доктрина на Руската Федерација, одобрена во 2022 година, континенталниот гребен надвор од 200 милји ексклузивна економска зона на Руската Федерација во Арктичкиот басен и водите на Северниот морски пат се класифицирани како витални области за обезбедување на националните интереси во Светскиот океан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП