14 мај, 2025
ПочетнаСВЕТЗеленски дојде на заедничко фотографирање во ЕП, само Орбан не аплаудираше(ВИДЕО)

Зеленски дојде на заедничко фотографирање во ЕП, само Орбан не аплаудираше(ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да му аплаудира на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред заедничката фотосесија на лидерите на ЕУ во Брисел.

На видеото се гледа како Володимир Зеленски, придружуван од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, им приоѓа на шефовите на земјите-членки на ЕУ.

Сцената што следеше збуни многумина. Сите освен Орбан му аплаудираа на украинскиот претседател, додека унгарскиот премиер одби да го стори тоа.

За време на својот говор на специјалната пленарна седница на Европскиот парламент, Зеленски им се заблагодари на европските лидери за помошта и додаде дека неговата земја е се поблиску до влез во Европската унија.

https://twitter.com/Afroditaa1984/status/1623668347165343744

Претходно беше најавено дека украинскиот претседател ќе учествува на самитот на ЕУ во Брисел, кој ќе се одржи од 9 до 10 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП