Институтот за војна (ISW) го објави својот најнов извештај за војната во Украина, во кој се наведува дека Русите започнале голема офанзива.
„Руските сили повторно ја презедоа иницијативата во Украина и ја започнаа својата следна голема офанзива во регионот на Луганск. Темпото на руските операции долж линијата Сватов-Кремин во западната Луганска област значително се зголеми во текот на изминатата недела, при што руски извори нашироко објавија дека конвенционалните руски трупи ги напаѓаат украинските одбранбени линии и прават благ напредок долж границата Харков-Луганска област, особено северозападно од Сватов кај Купјанск и западно од Кремина“, се вели во најновиот извештај на Институтот за војна.

