4 ноември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАSafeJournalists: Државните функционери и политичари во Северна Македонија да престанат со непрофесионалното...

SafeJournalists: Државните функционери и политичари во Северна Македонија да престанат со непрофесионалното однесување кон новинарите

Во изминатите три недели (од 15 јануари до 6 февруари), државните функционери покажаа омаловажувачки, непрофесионално и арогантно однесување кон новинарите за време на прес-конференциите во Северна Македонија.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изминативе 3-4 години забележува случаи на несоодветна комуникација од државни функционери кон новинари во земјава, но тоа се изолирани инциденти. Меѓутоа, во изминатите три недели ваква комуникација имало пет пати. ЗНМ реагираше за сите пет случаи – Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинаритеАли Ахмети не смее да етикетира медиумиНепримерно етикетирање на медиуми од страна на премиерот КовачевскиЗНМ реагира на односот на службеници од МОН кон новинарката Ќерими, и Државните функционери повторно во напад кон новинарите – ваквото однесување мора да престане!

„Овој однос кон новинарите и медиумските работници од оние кои треба да дадат пример за позитивна комуникација не само што ќе има негативно влијание врз јавноста во нашата држава, туку несомнено ќе има негативна оценка во извештаите на Европската комисија како и на другите релевантни организации. Затоа, оваа практика мора да престане и сите чинители во јавниот дискурс мора да покажат почит и професионален однос кон новинарите и медиумските работници“, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) исто така го осуди несоодветното однесување на јавните функционери и ги потсети на моралните обврски што ги носи јавната функција.

Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, го осудува однесувањето на оние кои се на позиција на моќ и авторитет и ги повикува државните функционери да не ги осудуваат и непочитуваат новинарите затоа што ја вршат својата работа и поставуваат прашања од интерес за јавноста. Властите се избираат од страна на граѓаните и како такви тие се одговорни пред нив и пред новинарите кои ги информираат граѓаните за случувањата во државата. Исто така, тие треба да негуваат култура на толеранција и да покажат подготвеност за соработка.

Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овие случаи.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 09.02.2023

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на БиХ

Здружение на новинари на Хрватска

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП