23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИA1 Македонија шеста година по ред со едукација на децата за безбедно...

A1 Македонија шеста година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

“Интернетот не e само игра…Кликај безбедно!” продолжува и во второто полугодие од учебната 2022/2023 година

Со предавање во О.О.У. „Димитар Миладинов“ во Скопје за учениците од 4-то одделение, во рамките на едукативната програма за деца – “Интернетот не e само игра…Кликај безбедно!” А1 Македонија го започнува шестиот циклус работилници и го одбележува Светскиот ден за безбеден интернет.

„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, шеста година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој  на образованието продолжуваме со предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот. Интересот од страна на учениците, наставниот кадар но и на родителите не стивнува, а тоа е дополнителна потврда за потребата од едукација од ваков вид“- изјави Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

“Градењето на партнерства помеѓу корпоративниот сектор и образованието е од особена важност за јакнење на капацитетите на образовниот процес и придонес кон креирање квалитетни образовни содржини, чиишто придобивки ги ползуваат младите генерации. Соработката со А1 Македонија продолжува и оваа, шеста година по ред, и навистина ни е драго дека овој проект од година во година наидува на голем интерес кај децата и наставниците, а секако и кај родителите како водечки воспитен фактор”, изјавија од Министерството за образование на Северна Репубика Македонија.

До крајот на учебната година се предвидени уште најмалку 5 работилници во Скопје и неколку градови во Македонија. Предавањата ги реализираат волонтери – вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

За “Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!“
Проектот “Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година. Во рамките на проектот, предавањата досега ги проследиле повеќе од 3500 четврто-одделенци, од 13 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Повеќе информации за едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија на Дигитална писменост – A1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП