Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.800, пишува „Гардијан“. Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени, а спасувачките тимови на терен трагаат по исчезнатите под урнатините.
Земјата продолжува да се тресе. Така, утринава централна Турција ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

