3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple подготвува уште подобар iPhone: Ќе се вика „Ultra“, а еве по...

Apple подготвува уште подобар iPhone: Ќе се вика „Ultra“, а еве по што ќе се разликува од другите модели

Apple наводно работи на нов, поскап и помоќен iPhone кој би можел да биде претставен следната година, пишува „Bloomberg“.

Станува збор за поскап модел на iPhone, кој засега се нарекува „Ultra“ и кој би зазел место во линијата на iPhone над моделите Pro и Pro Max.

Аналитичарот на Блумберг, Марк Гурман, вели дека Apple ќе го понуди уредот на богатите клиенти, а во својот извештај се осврна и на коментарот на извршниот директор на Apple, Тим Кук дека iPhone стана составен дел од животот на луѓето и дека тој мисли дека луѓето се подготвени да платат што и да е потребно за да се добие најдобриот уред во категоријата.

Засега е познато дека „Ultra“ ќе биде помоќен уред од сите други модели, но тешко е да се каже точно како ќе се разликува.

Гурман вели дека ќе се напојува со подобар процесор и најверојатно ќе има подобра камера од моделите Pro и Pro Max, а споменува и малку поголем екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП