18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на „Infineon“ беа малку под очекувањата

Приходите на „Infineon“ беа малку под очекувањата

Водечкиот добавувач на автомобилски микрочипови „Infineon“ ја зголеми прогнозата за профитната маржа за фискалната 2023-та година за да се прилагоди на валутните ефекти, откако објави малку под очекуваниот приход во првиот квартал, пренесува „Reuters“.

Компанијата со седиште во Минхен забележа пад на приходите од 5 отсто за фискалниот прв квартал, кој заврши на 31-ви декември, на 3,95 милијарди евра, што е малку под прогнозата од 4 милијарди евра, според анкетата на „Vara Research“ објавена на 24-ти јануари.

Маржата на „Infineon“ се зголеми на 28% од 25,5% во претходниот квартал, надминувајќи ги очекувањата за 24,7%.

Компанијата ја задржа годишната прогноза за приходите на околу 15,5 милијарди евра, плус минус 500 милиони евра, и покрај понеповолните претпоставени девизни курсеви, но сега очекува нејзината маржа да биде 25%, откако претходно мислеше дека ќе биде 24%.

Понатаму, „Infineon“ рече дека нејзините инвестиции за целата година најверојатно ќе достигнат 3 милијарди евра.

Извршниот директор Јохен Ханебек коментира дека побарувачката за автомобили и индустрии е силна, иако има значително послаба побарувачка за паметни телефони, компјутери и центри за податоци.

„Значајни делови од нашиот бизнис се покажаа стабилни дури и во послаба макроекономска средина“, посочува тој.

За вториот квартал, „Infineon“ очекува околу 3,9 милијарди евра приход и маржа од 25%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП