2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google“ се пофали: Овој сервис има 50 милијарди прегледи дневно

„Google“ се пофали: Овој сервис има 50 милијарди прегледи дневно

Услугата за кратки видео клипови, наречена „YouTube Shorts“, беше лансирана од „Google“ во јули 2021-ва година и оттогаш забележа значителен раст.

„Google“ сега се пофали дека „YouTube Shorts“ надмина 50 милијарди дневни прегледи. Пред ова, „Google“ објави во првиот квартал од 2022-ра година дека бројот на активни прегледи на видео на платформата изнесува 30 милијарди.

Иако ова е импресивна статистика, сервисот на „Google“ всушност заостанува зад сличните услуги што ги нудат „Instagram“ и „Facebook“. Минатиот октомври „Meta“ објави дека клиповите на „Reels“ постигнале 140 милијарди прегледи дневно на двете платформи.

Во текот на изминатата година, „YouTube“ објави дека „YouTube Shorts“ ги гледаат 1,5 милијарди регистрирани корисници секој месец. „TikTok“ откри дека има над една милијарда активни корисници месечно, а рекордер е „Instagram“ со над две милијарди активни корисници месечно.

„Google“, како и другите платформи, ги принудува корисниците да гледаат видеа на „Shorts“, а од ноември овие клипови се достапни за гледање на телевизорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП