26 април, 2024
ПочетнаСВЕТПустош, плач и лелек насекаде, над 1.000 мртви

Пустош, плач и лелек насекаде, над 1.000 мртви

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди делови од Турција и Сирија.

Германскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри во близина на јужниот турски град Кахраманмарас, додека EMSC соопшти дека ја проценува можноста за опасност од цунами.

Според Американскиот сеизмолошки институт USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 04:17 часот по локално време.

„Сите наши тимови се во состојба на готовност. Издадовме тревога од четврто ниво… Ова е и повик за меѓународна помош“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

„Во овој момент не можеме да кажеме ништо точно за штетите и загубите на човечки животи“, рече тој, додавајќи дека има жртви и дека веќе се случиле 22 последователни потреси. Гувернерот на провинцијата Газиантеп ги повика жителите да се соберат надвор.

Сириската државна телевизија објави дека зграда во близина на Латакија, на западниот брег на Сирија, се урнала по земјотресот. Провладините медиуми објавија дека неколку згради делумно се урнале во Хама, во централна Сирија.

Цивилната заштита и сириските пожарникари работат на извлекување на жртвите од урнатините.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека само во земјотресот во Турција загинале 912 лица, а 5.383 се повредени. Тој додаде дека не може да предвиди колку ќе се зголеми бројот на жртвите додека продолжува потрагата и спасувањето.

Најмалку 386 лица загинаа во Сирија, од кои 239 главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, јави сириската државна телевизија. Илјадници беа повредени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП