5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСтотици загинати во катастрофалниот земјотрес во Турција

Стотици загинати во катастрофалниот земјотрес во Турција

Стотици луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија, според првичните податоци.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 300, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Според Американскиот сеизмолошки институт USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 04:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги затекна повеќето луѓе заспани.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на земјата, на околу 60 километри од сириската граница.

Најмалку 237 лица загинаа, а 639 се повредени во Сирија по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција, јави сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на претставник на Министерството за здравство.

Најмалку 18 последователни потреси со магнитуда поголема од 4 се регистрирани по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS). USGS објави дека забележал седум земјотреси со јачина над 5 степени.

Најсилниот последователен потрес до сега се случил само 11 минути по првиот земјотрес и бил со јачина од 6,7 степени, соопшти USGS. Експертите велат дека силните последователни потреси најверојатно ќе продолжат со часови или дури и денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП