24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкава е заработката по акција во трите најголеми банки

Колкава е заработката по акција во трите најголеми банки

Во објавените биланси на успех за 2022 година на сајтот на македонската берза, Комерцијална, Стопанска и НЛБ банка објавија колку е нивната заработка по акција.

Заработката по акција на Комерцијална банка изнесува 946 денари, Стопанска банка АД Скопје заработила 139,85 денари по акција и НЛБ Банка 2 850 денари по акција.

Комерцијална банка АД Скопје има издадено 2 279 067 обични акции, Стопанска Банка АД Скопје 17 460 180 акции и НЛБ Банка АД Скопје 854 061 акции.

Колку од остварената заработка по акција ќе се подели за дивиденда по акција, со Одлука до Собранието на акционери ќе предложи Управниот одбор како извршен и Надзорниот одбор како стратегиски орган на банките.

Собранието на акционери ја донесува одлуката за распределба на добивката и одлуката за дивиденда.

Одлуката се носи со најмалку 51 % од гласовите на Собранието, а секоја обична акција носи право на еден глас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП