27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nestle“ планира да ги зголеми цените и во 2023-та

„Nestle“ планира да ги зголеми цените и во 2023-та

Компанијата „Nestle“ ќе мора да ги зголеми цените на своите прехранбени производи уште оваа година за да ги надомести повисоките производствени трошоци кои сè уште не се целосно пренесени на потрошувачите, изјави главниот извршен директор Марк Шнајдер за германски весник цитиран од „Reuters“.

„Зголемувањата нема да бидат толку големи како во 2022-ра година, но мораме да се израмниме во текот на целата година“, рече Шнајдер за „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

Во првите девет месеци од 2022-ра година, најголемата светска групација за храна, која ги произведува чоколадите „KitKat“ и кафето „Nescafe“, забележа органски раст на продажбата од 8,5%, од кои зголемувањето на цените сочинува 7,5%.

Компанијата во моментов очекува органски раст на продажбата од 8-8,5%, во однос на октомвриските прогнози од околу 8%, а основната оперативна профитна маржа за тргување ќе биде околу 17%.

Инфлацијата во многу напредни економии е на највисоко ниво во последните неколку децении, главно поттикната од зголемувањето на цените на храната и енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП