Не очекувајте да видите пикап од „BMW“ во скоро време. Шефот за дизајн на производителот на автомобили, Адријан ван Хујдонк, е категоричен дека иако тие се префериран тип на возило зад Океанот, нема да има баварски пикап во догледна иднина.
„Ова не е типичен пристап за брендот „BMW“ и не мора да го следиме секој тренд“, изјави ван Хујдонк за „BMWBlog“.
„Ако влеземе во одреден сегмент, сакаме долгорочно да работиме во него. Исто така, не треба да го следиме секој тренд. Она што го гледам и ми е интересно е дека за време на Ковид-19, видовме многу луѓе кои сакаат да поминуваат време на отворено, но сепак нема да правиме пикап“, додава Хујдонк.

Иако не е производствена понуда, „BMW“ создаде еден пикап камион базиран на „X7“. Група практиканти работеше со одделите за развој на концепт автомобил и технологија за моделирање за да го создадат овој пикап. Товарниот простор има полирано дрво, а на задната страна може да се монтира мотоцикл „BMW F 850 GS“. Иновацијата за баварската марка дебитираше на „BMW Motorrad“ во 2019-та година.
Оние што знаат, знаат дека порано имало индивидуални обиди за пикапи со брендот „BMW“. На пример, „М“ дивизијата создаде уникатни пикапи користејќи ги генерациите „Е92“ и „Е30 М3“. Екипата ги користи како возила за движење на резервни делови низ фабриката.
Ќе потсетиме дека „Mercedes-Benz“, еден од главните конкуренти на „BMW“, се обидува на пазарот на пикапи со класта „X“. Овој пикап дебитираше во 2017-та година и беше прекинат во 2020-та година. Кластата „X“ ја дели платформата со „Nissan Navara“, а производството се одвиваше во фабриката на производителот на автомобили во Барселона, Шпанија.

„X-Class“ беше скапа во споредба со конкуренцијата. Во Германија чинеше 16.000 евра повеќе од основната „Navara“ и околу 4.000 евра повеќе од „Renault Alaskan“, кој исто така беше на истата платформа.
Концептот „Audi Activesphere“ неодамна ја прикажа идејата на брендот за луксузен автомобил во каросерија на пикап. Меѓутоа, наместо да изгледа како традиционален пикап, автомобилот има елегантен, заоблен покрив. Задниот електричен стаклен панел може да се прошири за да се ослободи простор за поголем товар. Дизајнерите дури направија места специјално за транспорт на електричен велосипед.