25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Panasonic“ ја намали прогнозата поради поскапите суровини

„Panasonic“ ја намали прогнозата поради поскапите суровини

Јапонскиот гигант „Panasonic Holdings“ ја намали прогнозата за годишната оперативна добивка за 12,5 отсто, откако објави послаба од очекуваната добивка во третиот квартал погодена од глобалното економско забавување и високите цени на суровините, пренесува „Reuters“.

Компанијата се соочува со предизвици со оглед на лошата перспектива за глобален раст бидејќи се обидува дополнително да го развие својот енергетски бизнис, кој вклучува производство на батерии за автомобили за производителот на електрични возила „Tesla“.

Конгломератот ја намали прогнозата за оперативен профит на 280 милијарди јени (2,18 милијарди долари) за фискалната година до 31-ви март, од 320 милијарди јени, делумно поради помалку розовата перспектива за индустрискиот сегмент во овој квартал.

„Panasonic“ очекува да инвестира до 600 милијарди јени во трите години до март 2025-та година во нова фабрика за батерии што почна да ја гради во Канзас од минатата година, рече главниот финансиски директор на групацијата Хироказу Умеда.

Во својата презентација за заработка, компанијата рече дека сака да го зголеми профитот на автомобилските батерии со проширување на продажбата на своите 2170 литиум-јонски батериски ќелии и комерцијализирање на понапредната батерија со формат 4680.

Во јануари, енергетската единица на компанијата склучи договор со „Lucid Group“ за снабдување со литиум-јонски батерии за целосната линија на модели на производителот на електрични автомобили, вклучувајќи ја и луксузната понуда „Air“.

Компанијата исто така соопшти дека има за цел да започне со испорака на батеријата со формат 4680 на северноамериканскиот пазар во фискалната година до март 2024-та година за да го комерцијализира овој модел на батериски ќелии.

Резултатите на „Panasonic“ во третиот квартал, со оперативен профит зголемен за 16 отсто на 84,4 милијарди јени во трите месеци до 31-ви декември, се под просечната прогноза од 95,31 милијарди јени добивка дадена од девет аналитичари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП