29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМногу кредити, високи каматни приходи, голема добивка за Стопанска банка АД Скопје...

Многу кредити, високи каматни приходи, голема добивка за Стопанска банка АД Скопје за 2022 година

Стопанска банка АД Скопје и во 2022 година покажа дека една од најсилните банки во Македонија.

За периодот јануари-декември 2022 година добивката пред оданочување на Банката изнесува 2.617.019 илјади денари, односно незначителни 4% под нивото остварено минатата година. Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари, што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година. Со тоа, Банката го задржува долгогодишниот континуитет на постигнати успешни финансиски резултати засновани на стабилни фундаменти, прудентен пристап кон ризиците, докажан бизнис – модел, силна капитална позиција и добро корпоративно управување.

Нето-приходите од камати изнесуваат МКД 4.204.272 илјади и се зголемени за 9% во однос на истиот период од минатата година, пред сѐ како резултат на интензивните кредитни активности и зголемувањето на кредитното портфолио.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат МКД 898.638 илјади денари и се зголемени за 8% во однос на анализираниот период во 2021 година, што се должи на зголемениот обем на активности, од кои најмногу во делот на платните услуги и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 43% и изнесуваат МКД 157.532 илјади, како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 28% и изнесуваат МКД 594.070 илјади.

И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, континуираните инвестиции на Банката во дигиталното банкарство и човечкиот капитал, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што трошоците за вработени изнесуваат 958.918 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 886.927 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 1.234.098 илјади денари, која е зголемена за 60% во однос на истиот период од претходната година, пред сѐ како резултат на високо прудентниот пристап во управувањето со кредитниот ризик, во услови на изразени неизвесности во домашната економија и на глобалната сцена.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП