2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали знаете што значи „i“ во зборот iPhone? Одговорот е изненадувачки

Дали знаете што значи „i“ во зборот iPhone? Одговорот е изненадувачки

Во 1998 година, Стив Џобс го претстави iMac, првиот производ на Apple со сега познатиот префикс.

Малата буква „i“ пред повеќето производи на Apple стана толку популарна што сега речиси никој веќе не обрнува внимание на неа, а уште помалку луѓето знаат што всушност значи.

Дали некогаш сте се запрашале што навистина значи префиксот „i“?

Обично луѓето претпоставуваат дека тоа значи, како што е преведено од англиските називи, „интелигентен или незаменлив“, а некои дури мислеа дека „i“ значи „мој телефон“, но тоа не е така, пренесува Mirror.

Во 1998 година, Стив Џобс го претстави iMac, првиот производ на Apple со сега познатиот префикс. Неговата идеја беше едноставна – „i“ го означува она за што повеќето луѓе ќе користат персонален компјутер, а тоа е интернетот.

Меѓутоа, објаснувањето таму не било завршено, па Џобс подоцна открил што друго значи „i“, а тоа всушност не е само еден збор, туку дури пет од нив, кои го симболизираат целиот идентитет на неговата компанија. Имено, тој рече дека буквата „i“ ги означува зборовите: „индивидуалност, инструкции, информации и инспирација“.

Компанијата наскоро почна да го користи „i“ во речиси сите производи, од софтверот iTools до хардверот, вклучувајќи го и iPod, и на крајот го добивме iPhone, иако на почетокот имаше правни компликации, бидејќи Cisco го користеше истото име за својот производ.

Денес, добро познатиот префикс е заштитен знак на компанијата Apple, иако е постепено укинат во најновите производи, на пример Apple TV и Apple Watch. Во секој случај, малку е веројатно дека некој во блиска иднина ќе го поврзе малото „i“ пред името на производот со нешто друго освен производите на Apple

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП