29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисот се жали дека нивните барања остануваат на хартија, владата постапува како...

Бизнисот се жали дека нивните барања остануваат на хартија, владата постапува како што наумила!

Барањата од бизнис заедницата се заменарени. Од Бизнис Конфедерацијата на Македонија вака ја дефинираат соработката помеѓу реалниот сектор и владата. Но, во последно време потешкотии во комуникацијата од ова бизнис здружение велат дека имаат и со локалните власти, но и со синдикатите. И од Стопанската комора и посочија на Владата дека состаноците кои ги имаат во најголема мера не се продуктивни. Од владата пак велат дека оваа гарнитура се разликува од однесувањето и е далеку потранспарентна од нивните претходници.

Расте незадоволството кај стопанствениците во однос на соработката со државните институции. Од Бизнис Конфедерацијата на Македонија велат дека при секоја иницијатива или предлог план веднаш наидуваат на одредени пречки. На тој начин се жалат дека не можат да ја реализираат идеата на еден бизнис, а тоа е исклучиво да се создаде вредност. Како главни пречки за водењето бизнис од ова здружение посочуваат дека им се: правната регулатива и правната сигурност, втора работа е инвестициите и поддршката на новоотворените бизниси, но и даночните несигурни реформи, и понатаму скапите ресурси кои ги купуваат за во производството.

„Сакаме да испратиме порака до јавноста дека навистина е потребно сериозно претставување на бизнисот. Иако има три национални стопански комори, две национални здруженија на работодавачи, останати бизнис заедници, но пред се диалогот, предлозите и барањата од бизнис заедницата се занемарени. Ова го кажуваме оодговорно. Занемарени се од партнерите со кои соработуваме. Најголем дел од владата, но се почесто и од локалната самоуправа, синдикатите итн“, велат од Бизнис Конфедерацијата на Македонија.

А со сличен став околу соработката на релација приватен сектор – влада имаат и од најголемата стопанска комора во Македонија. Тие отворено ја искритикуваа Владата дека средбите и состаниците на претставниците на двете институции не даваат резултати, и тоа мора итно да се промени. Од Стопанската комора велат дека мора да постои суштинско партнерство помеѓу деловната заедница и носителите на економски политики. Дискусиите при носење на регулативите треба да бидат суштински. Тој што го носи прописот, пред да го пушти на разгледување и треба да се запраша и да си даде одговор на едно единствено прашање – дали таа мерка ја прави македонската економија поконкурентна или не. Ако одговорот е не, нема што да се разговара за прописот. Додаваат бизнисмените.

„Бизнис заедницата треба да има суштинска комуникација со државните институции. Што значи суштинска комуникација, ние гледаме дека државна институција или министерство ќе закаже состанок, ќе одиме на состанокот, ќе ни биде презентирано нешто на состанокот, потоа и ние ќе ги кажеме нашите размислувања, тоа ќе заврши, работата ќе продолжи онака како што примарно е замислена од страна на тоа министерство и потоа ќе речат дека за ова е разговарано со комората. Што значи тоа „разговарано со комората“, таа изјава треба да се замени со „ова е услогласено со комората“ или „ова не е усогласено со комората“. Комората сака во таа комуникација да биде вклучена во суштинска комуникација. Ако влегуваме во размена на комуникација, треба тие аргументи да бидат соодветно третирани. А владата секако ќе ја донесе последната одлука“.

Од владата посочуваат дека сериозно работат на подобрување на нивото на комуникација која според нив била целосно разрушена во времето на владеење на сегашната опозиција. Чекор по чекор и оваа работа ќе биде средена велат од Илинденска број два.

„Треба заеднички да дефинираме дали може од воопшто неконсултирање да преминеш до целосно усогласување. Тоа е процес до кој што треба природно да го направиме”.

Како почеток во исправување на состојбите бизнисмените и порачуваат на владата дека треба да се води по принципот, правилата за игра и законските решенија да ги носи во корист на бизнисот, а не поради нив стопанствениците да се соочуваат со серија на пречки кои ќе им го отежнуваат функционирањето.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП