28 април, 2024
ПочетнаСВЕТАдвокатот на Бајден: ФБИ не најде доверливи документи во куќата на претседателот

Адвокатот на Бајден: ФБИ не најде доверливи документи во куќата на претседателот

Членови на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ја претресоа викендицата на претседателот Џозеф Бајден во Рихобот Бич, Делавер, објави личниот адвокат на Бајден. Овој пат не нашле доверливи документи.

Агентите на ФБИ прегледале некои рачно напишани белешки и други материјали од периодот кога Џозеф Бајден беше потпретседател во администрацијата на Обама, пренесува АП.

Ова е трет по ред претрес на просториите на Бајден, што само покажува дека истрагата, која трпеливо се води со недели, продолжува, наместо да биде прекината, на што Бајден очигледно се надевал.

Личниот адвокат на американскиот претседател, Боб Бауер, изјави дека агентите на ФБИ три и пол часа ја пребарувале куќата и „не нашле доверливи документи“.

За време на неговата презентација, Бауер се обиде да ги прикаже претседателот и неговиот тим како кооперативни и целосно транспарентни, велејќи дека последната потрага е „планиран следен чекор во деталниот и навремен процес спроведен од Министерството за правда на САД“.

Тој посочи дека Бајден и неговиот тим целосно „поддржуваат и се трудат да го олеснат спроведувањето на истражните дејствија“.

Адвокатот Бауер директно не го спомна поранешниот претседател Доналд Трамп. Сепак, тој имаше намера да направи споредба меѓу двете истраги, оваа истрага на Бајден и „случајот Трамп“ со своето излагање.

Во случајот Трамп, повеќемесечните залудни напори на Министерството за правда да ги добие сите доверливи информации однесени во имотот на поранешниот претседател Мар-а-Лаго во Флорида, кулминираа со налог за претрес издаден во август и запленување на околу 30 кутии со документи.

Спротивно на тоа, претресите на поранешната канцеларија на Бајден и неговите домови во Делавер беа извршени со согласност на претседателот и без официјален налог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП